konstantin

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ПО ПОВОД НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ВЛАСИТЕ

Градоначалникот Константин  Георгиески, по повод 23 мај, Националниот дена на Власите,  упати  честитка до припадниците на влашката заедница во Општина Охрид.

-Дозволете во мое лично име и во име на граѓаните на Охрид, најискрено да Ви го честитам 23 мај – Националниот ден на Власите и да Ви посакам здравје, среќа и бериќет. Влашкиот народ како посебен етнички, јазичен и културен субјект е од особено значење за Влашката заедница, но и за целата македонска држава.

Како нераскинлив дел од македонскиот мултиетнички мозаик, Вие сте посветени граѓани на својата држава и на својата заедница. Благосостојбата и просперитетот на  Република Македонија, како наш заеднички дом, зависи од сите нас, вклучително и од влашката заедница, стои во честитката на градоначалникот Константин Георгиески

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *