УБАВИНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА : ПЕШТЕРАТА ВРЕЛО ПРИВЛЕКУВА ТУРИСТИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ(ФОТОГАЛЕРИЈА)

888

 

Прекрасниот кањон Матка се наоѓа на само 15 километри од Скопје. Опфаќа 5.000 хектари од прекрасното езеро Матка, стрмни планински падини, возбудливи пештери и живописни средновековни манастири. Благодарение на својата исклучително добра положба во близина на Скопје, кањонот Матка привлекува туристи од целиот свет. Тука се наоѓаат и десет пештери и две стрмни карпи кои се високи околу 35 метри и се вистински предизвик за алпинистите.

Иако во Матка има толку многу пештери со различни големини, главна туристичка атракција која една мала земја како Македонија би можела да ја понуди е токму пештерата Врело. Двете пештерски езера и  неколкуте убави и големи пештерски галерии, ја прават Врело интересна за посетителите. Вистинската убавина може да се долови однатре, кадешто се сретнуваат прекрасни пештерски украси. На средината на пештерата се наоѓа огромен сталагмит во вид на шишарка. Пештерата Врело се наоѓа 50 метри над езерото. Таа е целосно туристички уредена со патеки кои се наменети за движење на посетителите. Врело е позната и по тоа што беше номинирана во изборот за едно од седумте светски чуда и се претпоставува дека е длабока 330 метри, односно дека е најдлабока подводна пештера во светот.

Матка е седиште на бројни и разновидни билки и животни, меѓу кои некои се и единствени во регионот на Балканот. Во кањонот има 1000 растителни видови, од кои 20 се локални, како и разни видови пеперутки кои не можат да се најдат на друго место во Европа. Исто така, тука живеат и два вида на пајаци и пет вида шкорпии кои се уште не се видени на други места. Во кањонот живеат и лешинари, како и белоглавиот орел, кои се заштитени со закон за да се зачуваат од истребување.

Возејќи се со бротче низ кањонот Матка можете да уживате во величенственото опкружување, во мирисот на билките и црцорењето на бројните птици кои овде живеат.

Подводните пештери претставуваат природно богатство и привлекуваат како домашни така и странски посетители, а воедно носат и големи научно-истражувачки резултати и сознанија. Подводните пештери се често извори на чиста вода, којашто претставува само 2.5 проценти од вкупната водна површина на Земјата.

 

6522

65

w

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *