ОХРИД-ГРАДОТ КОЈ РАСКАЖУВА ПРИКАЗНИ


“Кога во сончев ден се капете во Охридското Езеро, и кога наеднаш ќе изроните од неговите длабочини и кога во еден еден миг ќе ја заплискате водата над себе, околу вас во круг, на мазната светлотемна површина се создаваат сребрени, проѕирни, големи и мали меурчиња.

Во секое од нив двапати се огледува сонцето, како две искри со нееднаква големина. Кога ќе се доближете до едно од поголемите меурчиња, и ќе го задржите здивот за да не го разбиете, можете во него како во криво огледало да го здогледате своето лице, влажно и насмеано. А, над вас секогаш останува светлото сонце, како огромна ѕвезда. Сето тоа трае кратко, како секоја убавина, а се повторува безброј пати…”

Иво Андриќ, писател и добитник на Нобелова награда за литература
(Фрагменти од патеписот “Крај светлото Охридско Езеро”)
ohrid (3) (1)

 

Градот покрај најстарото езеро на светот е градот кој откако еднаш ќе го посетите, тој вечно ќе живее пред вашите очи. Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим. Охрид е познат и како „град на светлината“ што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид.
Според една легенда, која ја запишале Браќата Миладиновци, кога се правела Охридската крепост, царот Јустинијан се качил на ридовите на кои лежи градот и гледајќи ја прекрасната околина извикал „ох рид“, т.е. каков убав рид и оттогаш останало градот да се вика Охрид.

Охрид низ годините бил град на културата и писменоста, на религијата, на храбрите борци за правда. Град на светлината, на романтиката, на филигранот и бисерите. Охрид и денес е град на сето тоа и се чини дека времето не ја збрчкало неговата убавина. Таа сѐ уште живее низ улиците, во црквите и манастирите, по тесните патеки со калдрма, на брегот, во Старата чаршија.
Меѓу Охриѓани живеат многу приказни. Најинтересната е онаа од 1926 година, кога во Охрид бил донесен првиот автобус. Помалдите Охриѓани, веројатно, за години од денес, на нивните внуци ќе им раскажуваат за славниот Хозе Карерас кој настапи на Охридско лето.

ohrid (4) (1)
Охрид, секој го доживува на посебен, неповторлив, возбудлив начин. Опеан во песни, книги, легенди и преданија, тој сѐ уште е непресушна инспирација за многумина.
“Човек би рекол дека пред себе има дел од море истргнат од океанот и фрлен меѓу недостапните планини кои го опкружуваат од сите страни. На Охридското Езеро навистина му одговара името македонско слатководно море…”

акад. Синиша Станковиќ, југословенски биолог, 1959г.
“Денес не е можно да се студира византиска уметност ако не се посети Македонија… Гледајќи ги фреските во Света Софија во Охрид, особено се забележува начинот на кој непознатите уметници ги постигнувале ликовните решенија во композициите. Потполно е неоправдано да се зборува за постоење на чиста византиска школа.”

Давид Талбот Рајс, британски византолог, 1961г.
“Охрид, вечниот град на митскиот Балкан, волшебниот рид на Македонија, со своето исконско пулсирање ги поврзува старите во новите времиња, за навек, бидејќи тој е жив град две илјади и четиристотини години, легитимен наследник на Лихнид, град со вткаени дострели на силната античка цивилизација; градот Охрид е всушност културната историја на Република Македонија во мало.
ohrid (8) (1)

Паско Кузман, археолог и истражувач на Охрид, 1994г.
Секој слободен миг, искористете го за посета на Охрид и полнење на очите со убавини, со приказни, со историја… Посетете ги црквите и манастирите, испешачете до врвот на Самуиловата тврдина, почувствувајте го спокојот на Плаошник, восхитете се на Античкиот театар. На зајдисонце, почастете се со кафе покрај брегот додека гледате како небото се гали со езерските води. За спомен, украсете си го вратот со бисери и филигран.

Lake-Ohrid-37

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *