ВАСИЛИЧАРСКИ ПОЈАДОК ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

Вработените во Локалната самоуправа, традиционално и оваа година, денеска во просториите на Општина Охрид, на заеднички појадок ги бараа василичарските парички. Среќни пронаоѓачи беа Кире Думбалоски, Ернестина Маневска и Ванчо Јованоски. Новите кумови, заедно со минатогодишните  Томе Џамтоски и Елизабета Медароска кои го организираа појадокот, на вработените во Локалната самоуправа  им упатија  искрени честитки, со желби за успех, среќа, здравје и бериќет за целата година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *