Светиот крст во рацете на Петар Рупески

Светиот крст во водите на Охридското езеро годинава го фати Петар Рупески .

Петар Рупески од Варош , беше најсреќниот кој меѓу 1100’те капачи го фати светиот крст кој во осветните води на Охридското Езеро го фрли Владиката Дебарско-Кичевски г. Тимотеј .

На овогодинешната манифестација учествуваа над 20 илјади посетители , меѓу кои и бројни гости од други градови од земјава и соседните држави .

Оваа година за разлика од минатите, организацијата на настанот ја презедоа Општина Охрид заедно со Македонската православна црква, поточно Дебарско-кичевската епархија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *