Хорор : Мајка убила ќерка затоа што ја видела со дечко

Мајката М.К (40) со “калашnиков“ ја убила својата ќерка Г.К., а потоа си пресудила и себе си. Сопругот на Мимоза и тако на убиената девојка, наведува дека немале никакви расправии претходно и дека се сомнева во моментална караница.

Трагедијата се случила во Косово, а бидејќи нема сведоци на настанот и никој не знае што точно се случувало меѓу нив, се претпоставува дека причината е тоа што мајката не ја одобрувала врската на нејзината ќерка со едно момче.

Според наводите на полицијата, мајката прво ја удрила својата ќерка, а кога таа се обидела да побегне, повторно ја нападнала. Испукала три куршуми, кои биле смртоносни за петнаесетгодишното девојче. Откако видела дека ќерка и е мртва, напишала проштално писмо, по што се самоубила.

“Се изедовме сами себе си, сега живејте мирно и што подолго“, се последните зборови, кои ги напишала оваа жена.

На местото на несреќата најдена е и коса, која жената самата си ја искубала, веројатно откако ја убила ќерка си.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *