kanabis marihuana droga

890 стебла канабис пронајдени во Охрид – приведени две лица

Полицијата во текот на вчерашниот ден приведе две лица откако во нива во охридско, според првичните информации, се откриени 890 стебла канабис.

Од МВР за МИА потврдуваат дека во текот на вчерашниот ден е спроведена акција од Одделот за сериозен и организиран криминал и СВР Охрид. Имало и претреси на повеќе локации, а повеќе детали од полицијата најавуваат во текот на денот.