СЕ ПОПОЛНУВААТ УДАРНИТЕ ДУПКИ

Општина Охрид  денес  започна акцијата на пополнување на ударните дупки низ охридските улици. Најпрво се санираат  дупките низ централните градски улици, “Партизанска“ и “Димитар Влахов“, по што ќе следи санација на оштетените делови на  “7 –ми Ноември “,“Бекир али Риза “ и на останатите улици низ Охрид каде има потреба од  ваков зафат. Во акцијата бехатон плочките се  отстрануваат а на нивно место се става асфалт.  Со проектот е предвидено   асфалтен материјал да се стави на  површина од околу  1 500 квадрати.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *