Протестен собир во знак на солидарност со палестинскиот народ и нивниот отпор се одржа денеска на плоштад Македонија

Foto

Протестен собир во знак на солидарност со палестинскиот народ и нивниот отпор се одржа денеска на плоштад Македонија, откако повторно ескалираа судирите меѓу израелската армија и организацијата Хамас во реонот на појасот Газа.

Сепак дел од учесниците го напуштија протестот за поддршка на Палестина бидејќи група на граѓани кои протестираа се појавија со национални етнички симболи, наспроти тоа што било објавено од страна на организаторот дека такви работи ќе нема.

Ова беше и причина протестите да се поделат во две групи, едни со 200 луѓе и етнички транспаренти, и други дваесетина, организатори на протестот. 

– Ние од Социјален центар Дуња го организиравме овој протест, но за жал, протестот беше узурпиран и преземан од некои структури коишто за нас се непознати. Затоа ние се повлековме на оваа страна и тука ќе го одржиме нашиот мирен протестен собир и се оградуваме од другата толпа, изјавија од Социјален центар Дуња за време на протестот.

Сепак на крај втората група повторно им се приклучи на организаторите. Протестот заврши откако ги поврзаа сите етнички знамиња и се упатија од плоштадот кон Камени мост.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *