ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ И МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКА ГИ ПОСЕТИЈА ПРОМОТИВНИТЕ НАСТАНИ НА ОХРИДСКИТЕ СРЕДНИ СТРУЧНИ УЧИЛИШТА

Градоначалникот Константин Георгиески и министерката за образование и наука Мила Царовска денеска беа во посета на промотивните настани на ДУТУ “Ванчо Питошески” и ОЕМУЦ ” Свети Наум Охридски” кои се организираат за идните средношколци и ги запознаваат со придобивките од стручното образование.

Градоначалникот истакна дека Општина Охрид е подготвена да ги поддржи сите реформи на Министерството за образование и наука, кои се во насока на унапредување на наставниот процес во средните стручни училишта и кои  придонесуваат за подобра иднина на младите.

– Ја поддржуваме кампањата на “Учи паметно, работи стручно” и процесот за унапредување на средното стручно образование, со цел истото да ја оствари својата примарна функција, а тоа е креирање на стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на труд. Многу е важно образовните профили во стручните училишта да бидат усогласени со потребите на компаниите и бизнис секторот. 

Квалификуваниот стручен кадар е еден од најважните предуслови за развој на индустријата, бизнисот и туристичкиот сектор. Во Охрид веќе успешно функционира системот на дуално образование, како еден вид јавно-приватно партнерство помеѓу стручните училишта и компаниите. Преку овој систем на образование учениците се стекнуваат со потребната пракса, а компаниите со обучен кадар, кој е подготвен веднаш да одговори на работните задачи од соодветната струка, истакна градоначалникот Георгиески.

Тој потенцираше дека во рамки на своите надлежности Општина Охрид континуирано инвестира во подобрувањето на условите за учениците во средните училишта. За таа цел во текот на изминатиот период беа реализирани значајни реконструктивни зафати во сите училишни објекти, а вакви активности се планирани и во иднина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *