ЌЕ ИМА ЛИ КОНЕЧНО ПРОСЛАВИ

Дали ова лето ќе има свадби и други прослави и под какви протоколи би се одржувале истите?  Веќе втора година по ред како угостителите а и младоженците со фамилиите се во неизвесност. Во останатите европски земји во игра се повеќе опции и веќе се тестираат масовни забави.  Една од опциите која ја најавуваат српските здравствени  власти  е организирање на свадби но само ако гостите се вакцинирани или имаат негативен ПЦР тест. Имено , србите најавија дека ако до крајот на јуни три милиони граѓани ја примат втората доза на вакцината, од јули може да се очекуваат првите свадбени веселби.

Угостителите во земјава пак велат дека кај нас оваа опција не е соодветна, пред се поради малата бројка на вакцинирани .

Сепак очекуваат дека свадби ќе има од следниот месец и тоа под строго утврдени протоколи. Последниот збор ќе го има Комисијата за заразни болести која во петок треба да го донесе протоколот за работа на рестораните.

Сопствениците на ресторани за свадби, ноќни клубови и останати дејности во оваа индустрија досега неколку пати протестираа пред Владата. Во моментов протестите се ставени во мирување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *