9 maj den na eu den na fasizmot

Честитки од Градоначалникот Георгиески по повод 9 Мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

По повод 9 Мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, упатувам честитки до Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија како наши стратешки партнери за поддршка на патот кон интеграциите.

Република Северна Македонија преку храбри чекори покажа и докажа дека е подготвена да биде дел од големото европско семејство. Суштината на сите реформски процеси е да достигнеме повисоко ниво на развој и да воведеме врвни европски стандарди.

Верувам дека ќе продолжиме силно да чекориме напред и дека ќе ги вложиме сите наши дипломатски капацитети за побрзо остварување на сонот на сите генерации, а тоа е рамноправно членство во Европската Унија.

ФБ Градоначалник Константин Георгиески

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *