Градоначалникот Георгиески упати честитки по повод Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

По повод Светскиот Ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина кој се одбележува денеска сакам да упатам искрени честитки и јавна благодарност до Црвениот крст од Охрид за нивната неуморна посветеност за ублажување на последиците од кризата предизвикана од пандемијата на КОВИД-19. Нивниот несебичен ангажман е вистински пример за хуманост и човечност и има непроценливо значење за заедницата.Екипите на Црвен крст беа ангажирани во хуманитарните мобилни тимови кои во текот на изминатата година редовно доставуваа храна и лекови до ранливите категории. Исто така, Црвениот крст е дел од реализацијата на проектот „Cross4all“ преку кој беа формирани здравствени тимови за домашна посета на пациенти.

Овој проект, Општина Охрид го имплементира во партнерство со Заводот за превенција на кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ и уште неколку партнери од Република Грција во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка на ЕУ.

Се надевам дека и во иднина ќе имаме можност да соработуваме на низа нови проекти кои се од големо значење за граѓаните на Охрид, пишува во ФБ објавата градоначалникот Георгиески

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *