Георгиески : Упатувам искрени честитки по повод 7-ми мај – Денот на Македонската полиција

Упатувам искрени честитки по повод7-ми Мај-Денот на Македонската полиција. На сите службеници и припадници на полициските безбедносни сили им посакувам најпрво добро здравје, големи успеси и подобри услови за работа.Безбедноста и сигурноста на граѓаните е важна основа за стабилност и развој на едно општество. Вашата подготвеност за делување во кризни состојби и посветеноста во делот на зачувувањето на јавниот ред и мир се од исклучително значење за Охрид како најголем културен и туристички центар во нашата држава.Се надевам дека и во иднина ќе ја продолжиме нашата редовна и успешна соработка и заеднички ќе придонесеме за подобрување на условите за живеење за нашите сограѓани, стои во ФБ објавата на градоначалникот Георгиески.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *