ВО АМЕРИКА НАД 101 МИЛИОНИ ГРАЃАНИ ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИ

Бројот на Американци кои се целосно вакцинирани против КОВИД-19 го достигна бројот над 101 милион – според Центрите за контрола и превенција на болести. Оттаму дознаваме дека Повеќе од 43% примиле барем една доза, а просечното дневно пребројување на нови случаи на коронавирус е намалено дури за 16% .
Во Америка веќе може да се почувствува одредена леснотија околу загриженоста на граѓаните за корона вирусот, откако “Дизниленд” повторно се отвори во петокот по повеќе од 400 дена затворање, така што убаво можеше да се види ентјузијазмот на американците – известува Мајкл Џорџ за „CBS .Според него , некои од посетителите беа во редицата веќе во 2:30 часот наутро, според Си-Би-Ес во Лос Анџелес.

Капацитетот, сепак, е ограничен на 25% и билетите мора да се купат преку Интернет пред време. Само жителите на Калифорнија имаат дозвола да го посетуваат, Во меѓувреме, во Мичиген баровите и рестораните можат да работат со 65% капацитет.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *