ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите православни христијани им го честита најсветлиот празник Воскресение Христово – Велигден

Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите православни христијани им го честита најсветлиот празник Воскресение Христово – Велигден.
Христовото Воскресение е суштината на христијанството, празник над празниците. Со пристигнувањето на Велигден се празнува победата на животот над смртта. Сега сѐ се исполни со светлина: небото и земјата. Бог страдаше и воскресна поради својата безмерна љубов кон човекот.
Велигден е празник на семејството и ближните, па во ова време на пандемија посакувамe топлина, многу радост и добро здравје во секој дом.
Да имаме храброст да бидеме вистински и искрени!
Да биде секогаш во нас верата!
Христос Воскресна!
Навистина Воскресна!
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *