Се поставува втор асфалтен слој на улица 15-ти Корпус

🚧 Со силен интензитет ги финализираме градежните активности за реконструкција на улицата „15-ти Корпус“.
🆕 Рано утринава, уште за време на полицискиот час започна поставувањето на вториот асфалтен слој на коловозот, на потегот од крстосницата со пристапниот пат кон село Велгошти до влезот во село Лескоец.
🔙Во текот на претходните денови на овој потег од улицата се изврши асфалтирање на пешачките и велосипедските патеки.
🚗Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат според соодветната сигнализација со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Се препорачува, доколку е можно и да се избегне овој дел за сообраќај додека траат градежните активности.

Фб . Градоначалник Константин Георгиески

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *