ВМРО ДПМНЕ: Таневски не сака да ја види реалната ситуација во Охрид и Македонија

Пратеникот Лазе Таневски во страв и паника очигледно не сака да ја види реалната ситуација во Охрид и Македонија и дека времето на СДСМ за многу кратко завршува.

Охриѓани очекуваа од Таневски кога веќе реши да се појави по долгиот медиумски молк да каже што е реализирано од ветените капитални инвестиции во Охрид.

Да каже што е преземено за туристичките работници и колку вакцини се обезбедени за нив.

Да признае дека ништо не сработи за да ја спаси пропаднатата туристичка сезона.

Да објасни зошто автопатот Кичево-Охрид сè уште не е пуштен во употреба.

Да даде отчет каде завршија парите за целосна ревитализација на колекторскиот систем кој е тотално нефункционален.

Не го слушнавме Таневски ништо да каже за рекетот на Заев, Шекеринска и Јанева, криминалот и мафијата која владее.

СДСМ и Таневски за потсетување на последните избори изгубивте катастрофално, а за сите десегашни лаги уште поголема ќе биде казната од охриѓани на следните локални и предвремени парламентарни избори.

Срамно и дрско е да ја потценувате интелигенцијата на народот кој нема повеќе да ви дозволи уште поголемо урнисување на Охрид и Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *