vlada

Кризниот штаб предлага до Владата мерките да продолжат до 27 април

Главниот координативен кризен штаб предлага до Владата тековните мерки да продолжат да важат до 27 април 2021 година, доколку бројките на новозаразени и хоспитализирани граѓани од КОВИД-19 продолжат да опаѓаат ќе се разгледуваат новите предлог-мерки

Главниот кризен координативен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Комисијата за заразни болести и врз основа на истите предлага на наредната седница на Владата, да се усвои одлука со која постојните мерки кои се со важност до 20 април 2021 година (вторник), да продолжат да се применуваат до 27 април 2021 година (вторник).

Во случај на потврдување на трендот на опаѓање, Главниот координативен штаб ќе ја разгледа можноста за предлог за намалување на рестрикциите, исклучиво во случај на континуитет во падот на бројот на заразени и бројот на хоспитализирани лица и тоа конкретно за:

  • во периодот од 27 април 2021 година (вторник), заклучно со 15 мај 2021 година (сабота), да се отворат угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел);
  • забраната и посебниот режим на движење да почнува од 21:00 часот до 05:00 часот наредниот ден;
  • да ги разгледа можностите при намалување на рестриктивните мерки да се дозволи организирање на спортски тренинзи организирани од страна на фитнес центри/клубови на отворен простор (наместо во затворена спортска вежбална/сала);
  • други мерки во зависност од епидемиолошките текови и состојби во државата.

Наведените предлог-мерки на Комисијата за заразни болести ќе се разгледуваат исклучиво доколку се задржат трендовите на опаѓање на бројките на новозараени и хоспитализирани лица, за што клучно е почитувањето на личните мерки за заштита од КОВИД-19 и активните протоколи за функционирање во услови на КОВИД-19.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *