Ненадејно почина Ахмет Пател некогашен советник во советот на Општина Охрид.

Ненадејно почина Ахмет Пател некогашен советник во советот на Општина Охрид. Советничката функција ја извршуваше од 2009 до 2013 година.

Пател често објавуваше статуси на својот ФБ профил. Последните генерално му беа поврзани со пандемијата. Тој многу често беше оптимист.

Една од последните објави од Пател беше:

– Не сум ниту стручен, ниту паметен во врска со настанатата ситуациј со вирусов, но сум голем оптимист, а мојот оптимизам сакам да им го пренесам на сите песимисти дека до крајот на месец мај ќе заврши оваа битка и дека ќе се вратиме сите во номрмалниот начин на живеење, со порака драги пријатели да имате добро здравје, радост, среќа и многу љубов према сите, напиша Пател на 7 ми април.

За жал Пател не успеа да го дочека крајот на пандемијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *