Бачев до Апасиев: Си заборавил дека и ти како шарен револуционер земаше хонорар од буџетот

Не така друже Апасиев. Со твоите ефтини маркетиншки трикови можеш да лажеш некои луѓе некое време, не можеш да ги лажеш сите луѓе цело време. Гледам денес реагираш што шарените потрчковци на Заев земале хонорари. И со право (слика 1), напиша на својот Фб профил претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.

ФОТО: ФБ Јанко Бачев

Бачев во објавата додава:

Но, Димче, да ти ја освежам меморијата, си заборавил дека и ти како шарен револуционер земаше хонорар од буџетот. Заев те награди што беше во првите редови на шарената револуција за рушење на Македонија и те вдоми кај Катица Јанева да земаш со години хонорар без ништо да работиш. Вашата група најекспонирани, кај Катица Јанева поделивте околу 1.300.000 евра хонорар или популарно наречени „договорни услуги“ (слика2)Затоа, најдобронамаерно, ти си млад човек имаш перспектива пред себе, не се срами од твоето минато дека си бил дел од шарените и побарај простување и извини му се на народот токму денеска кога твоите „Шарени“ слават пет години од рушењето на Македонија и Македонците.

извор: ФБ Јанко Бачев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *