maska korona kovid

Колку трае имунитетот по прележан ковид?

Должината на имунитетот на коронавирус може да варира од личност до личност, сугерира оваа нова студија.

Научниците од Сингапур заклучија дека за некои луѓе антителата и имунитетот базиран на Т-клетки може да траат со години.

Тим од медицинското училиште во Сингапур вели дека нивните откритија обезбедуваат докази дека е можно некои претходно заразени пациенти со коронавирус повторно да се инфицираат за време на следните бранови или со мутирани варијанти на коронавирусот.

Тимот проучувал 164 пациенти во Сингапур во период од шест до девет месеци.

Најмалку една третина од учесниците немале промени во нивото на антитела по најмалку шест месеци, а некои дури имале и зголемување, што укажува на тоа дека нивниот имунитет може да трае со години, смета истражувачкиот тим.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *