Општина Охрид ги замолува граѓаните да ги почитуваат и негуваат спомен обележјата

Спомен обележјето на Григор Прличев кое се наоѓа во непосредна близина на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и НУ Центар за култура експресно беше исчистена од исписите кои непознати сторители ги направиле.


Спомен плочата беше испишана со разни броеви и симболи, непочитувајќи ги вредностите препознатливи за нашиот град.


Експресната реакција на ЈП Градски гробишта Охрид ја исчисти спомен плочата и го врати нејзиниот сјај.


Општина Охрид ги замолува граѓаните да ги почитуваат и негуваат спомен обележјата кои се значајни за нашата култура, народ и нашата држава.

Фб. Градоначалник Константин Георгиески

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *