Одлука на Влада : СЦ „Борис Трајковски“ да биде вакцинален центар

На оваа 61 седница Владата го задолжи Министерството за здравство, врз основа на одлуката за кризна состојба на дел од територијата на Северна Македонија, да ги ангажира сите свои стручни и други неопходни капацитети за спроведување на масовна вакцинација во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Со заклучок по оваа точка Владата го задолжи СЦ „Борис Трајковски“ да ги отстапи своите простории на Министерството за здравство за спроведување на масовната вакцинација согласно Национален план за вакцинација против КОВИД-19 во Северна Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *