Две млади родилки починаа од Ковид 19, за едното бебе докторите се борат за живот

Две млади родилки починаа како последица на корона , откако биле породени на ГАК во Скопје .

Едната родилка била донесена од Инфективната клиника, а потоа префрлена на КАРИЛ поради влошување на состојбата.

Другата пациентка во тешка состојба високо фебрилна на 10-ти е породена, а на 14-ти префрлена на „8-ми септември“ поради нагло влошување на состојбата.

Едно бебе е недоносено, односно породено во 30тата недела, сега е поставено на респиратор и докторите се борат за живот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *