Мицкоски по средбата со Заев: Пописот се одложува, ќе се спроведе во септември

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференција истакна дека со премиерот Зоран Заев се договориле пописот кој требаше да се одржи од 1ви април да се одложи, и да се презакаже за во месец септември. Пописот треба да се одржи од 5 ти до 30 септември.

„Од страна на господинот Зоран Заев бев информиран дека во текот на април се очекува да пристигнат во Македонија околу 350.000 вакцини, а потоа сукцесивно во месец мај. Се согласивме дека откако процесот на имунизација на население, ќе се случи пописот. Затоа се договоривме да биде одложен и наместо сега во април, да се одложи за месец септември како можен период да биде од 5 до 30 септември, односно 25 дена. А локалните избори, наместо првата половина од октомври да се одложат во втората половина од октомври“, рече Мицкоски.

На денешната среба главниот мотив беше да спасиме што повеќе човечки животи и пописот да се одложи. Не сакаме да политизираме ништо. Она што јас го побарав од другата страна наиде на одобрување, истакна Мицкоски.

Заев ме информира дека до крајот на април ќе пристигнат над 300 000 вакцини , а дека до летото ќе имаме вакцинирано население.

Што се однесува до изборите Мицкоски потенцираше дека разговарале за една изборна единица, отворени листи на локалните избори и терминали за отисок од прст.

„Се согласивме и веќе утре во рамките на Парламентот ќе биде измената на изборниот законик која се однесува на терминалите за вчитување на отисок на прст. Очекуваме успешно да биде изгласана во Собранието. Се согласивме да ги охрабриме групите кои преговараат за Изборниот законик, а тоа се предлозите за измена во една изборна единица, отворени листи за советници на следните избори, избор на градоначалник во прв круг, последно се разбира тука се гласање на дијаспортата на следните парламентарни избори надвор од дипломатско-конзуларните претставништва, и последно, имплементација на препораките од ОБСЕ“, додаде Мицкоски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *