Се асфалтира собирната улица во Кураичка маала во село Лескоец

Градоначалникот Константин Георгиески на Фб објави дека се започна со асфалтирање на улици во село Лескоец.

🚧 Започнавме со асфалтирање на собирната улица во Кураичка маала во село Лескоец.
🚶 Во ова маало повеќе од 30 години во супстандардни услови живееја 250 жители.
🚚 Општина Охрид минатата година овде постави и канализациона мрежа.
🔜 А од наредната недела продолжуваме со асфалтирање и на други улици во селото Лескоец.


👍Задоволството на граѓаните за продолжување на работните активности во селото беа нескриени и нивната поддршка искрено ни значи. ✊Тоа е и мотив Општина Охрид да продолжи да работи на подобрување на условите за сите граѓани во општината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *