Пристигнаа првите вакцини на АстраЗенека

Изутринава пред осум часот пристигна Првата пратка со вакцини „АстраЗенека“ преку Ковакс механизмот .

Пристигнати се 24.000 вакцини на „Астра Зенека“ и се очекува во среда да почне масовната имунизација на населението во државава каде први ќе бидат опфатени лицата над 75 години.

Стигна и првата пратка на вакцини преку Ковакс механизмот и со овие 24.000 дози е предвидено да стартува масовната имунизација кај нас, започнувајќи од среда. Благодарност до сите земји во светот кој го поддржаа овој систем, посебно на пријателските земји САД, Германија, Велика Британија, Франција и земјите од ЕУ како и на СЗО, УНИЦЕФ и ОН со чија помош го организиравме транспортот до нашата земја. Системот за имунизација е подготвен и сега нашиот фокус е да имунизацијата се спроведува во континуитет во текот на месеците кои следуваат, започнувајќи со Астра Зенека, а продолжувајќи со најавата за другите вакцини кои сме во очекување да ги добиеме многу скоро.

Фб. Венко Филипче

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *