Филипче: В недела ќе дојде првата пратка од вакцината на „Астра Зенека“

В недела во Македонија ќе пристигне првата пратка од вакцината на „Астра Зенека“, објави вечерва на својот фејзбук профил министерот за Здравство Венко Филипче.

„Оваа недела на 28 март, во 07:55 часот во Скопје пристига првата пратка од 24.000 вакцини на Астра Зенека преку Ковакс системот“ објави министерот Филипче.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *