zaev

Заев реизбран за претседател на СДСМ со апсолутно мнозинство гласови

0.840 гласови „за“, 888 „против“ и 249 неважечки ливчиња е епилогот од внатрепартискиот избор. Опозицијата со жестоки реакции и обвинувања околу самите избори но и преиодот во кои се одржуваат и ризикот кој го носат

СКОПЈЕ – Зоран Заев ја доби довербата на членовите на СДСМ и по трет пат е избран за лидер на партијата. На денешните внатрепартиски избори, први од овој тип во Северна Македонија, тој победи со апсолутно мнозинство на гласови. Право на глас имаа 68.999 членови на партијата кои го ажурираа своето членство а се гласаше на 237 места во 80 општини низ државата. Заев немаше противкандитат а гласачите имаат две можности да „заокружат“ за или „против“.

„Имајки предвид слободна изразената воља на гласачите за претседател на СДСМ е избран Зоран Заев“, најави Викторија Мадиќ, претседател на Централната изборна комисија на СДСМ два часа по завршувањето на изборите.

А резултатите говорат дека Заев го доби апсолутното мнозинство и поддршка од членовитеодносно гласачите.

Oд 61.979 гласачки ливчиња, или 90 отсто од регистрираните гласачи, Заев ја доби поддршката од 60.840 гласачи, 888 биле против а имало и 249 неважечки ливчиња.

Старо новиот претседател дојде во партиското седиште околу 21 часот а потоа одржа и прес конференција.

Во своето обраќање тој им се заблагодари на членовите за укажаната доверба и нагласи дека со овие избори се унапредува демократијата

„Вистинските партии имаат одговорност да ја унапредуваат демократијата во својата партија и во држвата. За многу кус период доживеав за мене важни одлуки и укажани доверби.Прво довербата на граѓаните да бидам премиер, доверба од пратениците, а денеска доверба и од македонските социјалдемократи. Епилог кој е доказ за тесната поврзаност меѓу вербата и довербата. Мојата верба во вас граѓаните, вербата со СДСМ и вербата во напредна и просперитетна држава. Вербата носи доерба а таквата довреба не се купува. Таа само се заслужува“, рече Заев.

Од опозициската ВМРО – ДПМНЕ ги оценија изборите како морбидни и бизарни и како севернокорејска демократија.

„ Морбидно и бизарно е да се одржуваат внатрепартиски избори во ден кога во Македонија има 25 мртви од корона вирусот.Срамота е да се прогласува голема партиска победа на СДСМ и Зоран Заев додека стотици луѓе умираат се борат за воздух, се дават и се гушат.Денес, Северен Заевистан имаше избори како во Северна Кореја. Недозволиво и незаконски е да се одржуваат избори во училишта, во јавни установи, во домови на култура, со брза помош да се пренесуваат гласачи во избирачки места во штабовите на СДСМ. Срамно дури и за еден хибриден режим којшто има најмногу мртви по глава на жител во светот и најмалку вакцини. Фијаско, срамота и катастрофа“, изјави Владимир Ѓорчев, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Одговарајќи на новинарки прашања Заев најави дека ќе има кадровски промени во партијата на претстојниот Конгрес кој е закажан за месец мај.

„Многу е рано да се каже кој ќе биде во следното раководство на СДСМ кое ќе се избере на Конгресот. Кадровски промени ќе има во Централниот и Извршниот одбор. Ќе се бираат овој пат тројца потпретѕседатели и тројца секретари на партијата. Сеуште е рано да се каѓе кој ќе биде на овие места“, рече Заев.

Тој додадека дека кадровски промени во Владата и Кабинетот нема да има и дека е задоволен од сработеното и функционирањето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *