Градоначалникот Георгиески изненаден од изјавата на министерката за култура

Изненаден сум од изјавата на министерката за култура за одземањето на ингеренциите на општина Охрид. Прво, таква законска можност каква што таа кажува воопшто не постои. Имено, според законот, централанта власт на локалната власт може условно да и ги одземе ингеренциите само за одреден предмет или за конкретен случај, а не целосно. Тоа може да го направи само во случај ако локалниот инспекторат не постапува па надлежноста ја презема државниот. Досега по сите предмети согласно нашите ингеренции сме постапувале и немало барање односно потреба за интервенција на државниот инспекторат. Второ, од денот кога е донесен планот за управување, Општина Охрид во целост го почитува и спроведува, нема ниеден случај во кој сме постапиле спротивно на планот. Трето, ако министерката вистински сака да помогне во делот на отстранување на објектите, треба да помогне да се обезбедат 60 милиони денари финансии кои повеќе пати ги бараме. За да можеме да ги имплементираме сите препораки за рушење на се она што е законски издржано и маркирано како значителен штетен импакт кон езерото статусот и животната средина, потребни се овие финансии кои општината ги нема. Се што досега беше во рамки на можностите на општината направивме и покажавме храброст и решителност и отстранивме сериозен дел од објектите. За крај, ако министерската алудира на тоа дека општината недоволно се ангажира за заштита на културното и природното наследство, јас одговорно тврдам дека за две и пол години колку што јас сум градоначалник се направени повеќе активности во насока на заштита отколку за последните 20 години. За крај, верувам дека министерката, исто како и сите ние, сака да го заштити регионот. Сепак, како член на владата споделува одговорност за тоа па затоа сметам дека би било далеку поконструктивно да се вклучи активно во надминување на проблемите. Верувам дека е добро заеднички да работиме за надминување на состојбите за што желба кај сите нас постои, стои во ФБ објавата на градоначалникот Георгиески.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *