pecakov

Пецаков: ВМРО – ДПМНЕ поднесе интерпелација за Филипче, за 3340 пациенти од КОВИД 19, 118 од 122 држави по број на вакцинирани, тендери и негрижа за здравјето

Почитувани,

3340 починати од Ковид или најголема човечка катастрофа по Втората светска војна во земјава, 3340 причини Венко Филипче да си поднесе оставка.

Нема македонско семејство каде нечиј близок роднина или пријател не почина. Овие животи можеа да бидат спасени ако системот функционираше.

За жал во македонското здравство се умира и притоа нема одговорност. Пациентка од Струга почина затоа што никој не и пружи помош, пациент од Штип почина затоа што немало боци со кислород, во Македонија се умира поради операција на колено и од сепса на рана, а на пациентка од Дебар и се извадени здрави внатрешни органи и никој не одговора за сето ова.

Наместо министер за здравје Филипче, стана министер за смрт.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе поднесе предлог за интерпелација на Венко Филипче, министер за зараза и смрт, кому видовме дека поважни му се провизиите за вакцини, од животот на граѓаните што се потврдува и со најновиот скандал. Кина ги продава вакцините против корона по 30 долари, Филипче нудеше над 60 долари. Причината е јасна, наместо во потрага по вакцини, власта беше во потрага по провизии. Фантом фирма од Хонг Конг без вработени медицински лица требаше да биде фаворизираниот набавувач на вакцините по дупло поскапа цена од реалната.

Единствени сме во светот по најлошото справување со корона кризата. Македонија е на 118 место од 122 држави по број на вакцинирани. Од нас полоши се само Египет, Уганда, Св. Хелена и Екваторијална Гвинеја. 5-то место, но од позади. И ова не го кажува ВМРО, ова го нотира Блумбер. Срам и резил. Но да почнеме со ред.

Филипче е најодговорен за КАТАСТРОФАЛНО СПРАВУВАЊЕ СО КОРОНА КРИЗА поради:

  • Неследење на кластери
  • Нема лекови
  • Нема болнички кревети
  • Нема респиратори
  • Нема протокли за лечење и движење на пациенти
  • Ненавремени и несоодветни мерки

Има од рака наметнат полициски час, а во преполните автобуси има корона кластери, што само покажува дека се нема концепт. Како системот го штити здравјето на луѓето? Никако.

Во текот на својот мандат Венко Филипче остави белег со две работи:

  • Физибилити студии и тендери за распродажба на јавното здравство се со една претпоставена цел, полнење на џебот и земање провизии.
  • Катастрофално справување со последиците од корона кризата.

Филипче почна со славниот тендер за централизирање на биохемиски лаборатории и шемата со Александар Јовановски Жути чија фирма беше отворена за да се протне овој тендер. Висината на тендерот беше 35 милиони евра, а тендерот не помина по реакција на опозицијата.

Тендер шемите продолжија со физибилити за приватизација на Итна медицинска помош. Оваа работа сопре на физибилити студија. Сомнежот е дека се испраа пари преку фирма само да каже дали има оправданост или не да се приватизра оваа служба.

Не му беше доволно па распиша тендер за стерилизација наместо реорганизарање на здравствениот систем. Најдоа компанија која ќе ја врши стерилизацијата во јавните здравствени установи ширум државава, на директорите им доставија модел договор за потпишување. Со договорот кој што ги тераат и уценуваат да го потпишат, буџетот кој се троши за стерилизација во јавните здравствени установи ќе биде до 10 пати поголем од оној што се троши до сега.

Наместо да го направи Клиничкиот центар за кој ВМРО-ДПМНЕ обезбеди и проект и пари, Филипче почна постапка за нов Клинички центар, три пати поскап. Проектот им е од 500-700 милиони евра и нема решено имотно-правни односи на местото кај што планираат да го градат. Трето, градбата на нов Клинички центар вака како што тие го замислуваат и сакаат да го протуркаат претставува извор на корупција. Значи најкорумпираната влада во Европа турка проект од пола милијарда евра за кои нема никакви детали. Четврто, самата јавна набавка како што ја опишуваат во овој таканаречен Предлог на закон за реализација на проект нов Клинички центар е спорна. Со оваа работна верзија се елиминира конкуренцијата, не се добива најдобриот понудувач, туку се стимулира можноста за фиктивни понуди. Дури, постои и можност за однапред договорени фиктивни понуди.

Дополнително, Филипче ќе го раскрчмува и Рентген институтот при Клиничкиот Центар во Скопје.

Очигледно Венко Филипче е скандал мајстор, а Македонија ги живее своите најтешки денови. Затоа, време е Филипче да си оди, за да се спасат животи. На Македонија и треба министер за здравство, а не министер за тендери и провизии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *