Петиција за поддршка на родилката која по породување со царски рез се разбудила без три органи

Во моментов има младинска иницијатива „Ние младите“ кои преку онлајн петиција и даваат поддршка на родилката од Струга која по породување со царски рез се разбудила без три органи.

Со онлајн петиција, младите одлучија да притискаат за правда за родилката Јилдиз Веаповска од Дебар. Таа јавно ја раскажа својата приказна како останала без матка, бубрег и еден јајник при породување со царски рез во август лани кај гинекогот, доктор Мухамед Асани. Откако состојбата и станала критична ја префрлиле на скопските клиники. Кога се разбудила од кома дознала дека и се извадени органите.

„Надлежните органи до ден денес сеуште го немаат санкционирано докторот и сметаме дека постои политички обид да се сокрие злосторникот, да се избегне кривична казна“, објаснуваат од младинската иницијатива „Ние младите“ кои ја започнаа онлајн петицијата  за правда за родилката и бараат кривична казна за Асани.

Тие засега имаат собрано над 9000 потписи. Во меѓувреме, министерот за здравство Венко Филипче најави дека неделава ќе излезат со став, бидејќи немаат направено детален увид. Покрај тоа, директорката на Државаната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска повика да се побара одговорност од докторот Асани. ДКСК планира и да постапува за судир на интереси кај Асани, бидејќи во неговиот дом е откриена и нелегална ординација за која Ивановска изјави дека со тоа може да е нелојален кон институцијата која ја раководи, болницата во Струга.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *