maska korona kovid

15 Октомври – 535 заразени за 24 часа – 6 лица починаа.

Денеска имаме вкупно тестирани 2.445, од кои новозаболени 535, шест се починати. Во Скопје се новозаболени 277, највисока бројка, скоро половина од сите други заболени, додека новооздравени имаме 168. За 190 повеќе заболени од вчерашниот ден. Нов страшен рекорд.

Ова се информациите што вечерва во 24 анализа ги објави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

– Денеска и ДУИ и СДСМ, сите посебно пуштија соопштение до јавноста да ги повикаат и граѓаните малку посовесно да постапуваат по однос на пандемијата, да се придржуваат на мерките предвидени од страна на Министерството за здравство, Комисијата, Владата и избегнување на собири, посебно свадбите, славите, журките навечер, живите свирки навечер итн. Би поддржал мерка да се забранат ноќните журки, свадби, веселби, слави, собирања, рече Груби.

Според него, на владина седница не се разговарало за нова вонредна состојба и за нов полициски час.

Апелираше до граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита од Ковид – 19.