Missing image

Претседателот Пендаровски го потпиша указот за членството во НАТО

На свечена церемонија и во присуство на студенти од правниот факултет, Претседателот Пендаровски го потпиша указот за прогласување на протоколот за членство во НАТО.

Ова доаѓа ден по гласањето во парламентот, каде пратениците едногласно дадоа поддршка за ратификација на протоколот

Сепак, иако едногласна, од 120 пратеници, ЗА гласаа 114… Двајца, пратенците од ВМРО-ДДПМНЕ Зоран Ѓорѓиевски и Зоран Илиевски не гласале, а пратениците Борис Змејковски, Крсто Јовановски, Васил Пишев и Иван Стоиљковиќ воопшто не биле присутни.

Големо внимание на седницата предизвика и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој од власта го обвинија дека не честитал на ратификацијата на протоколот.

Претседателот Пендаровски го потпиша указот за НАТО

За Мицкоски пак обвинувањата се несериозни.

Во меѓувреме, по ратификацијата на протоколот во Македонија, комитетот за надворешни работи во шпанскиот конгрес започна итна процедура за ратификација на протоколот за членство на земјава во Алијансата. Доколку протоколот потоа го добие потребното мнозинство во конгресот, ќе биде проследен до сенатот, каде исто така би требало да биде потврден. Веднаш потоа, Шпанија ќе може да го депонира протоколот во Вашингтон, со што Македонија и официјално би станала 30 земја членка на Алијансата.