maska korona kovid

Коронавирусот ги враќа рестриктивните мерки во Европа.

Коронавирусот ги враќа рестриктивните мерки во Европа..

Полициски час, клуч за ноќните клубови се дел од превентивните активности кои ги преземаат државите за намалување на бројот на новозаразени.

Бугарија нареди затворање на дискотеките во Софија во следните две недели, а градоначалникот Јорданка Фандакова им препорача на приватните компании кои имаат можност да им дозволат на вработените да работат од дома.

Изминатите 24 часа, нов рекорд заразени забележа Хрватска. Над 2.200 се регистрирани меѓу 8-те илјади тестирани.

Рестриктивни мерки од денеска применува и Грција. Се воведува полициски час од 30 минути по полноќ до 5 часот наутро во Атина и Солун, а ограничувања има и во капацитетот кај угостителските објекти.

Изминатото деноноќие, црн рекорд на заразени е забележан и во Словенија.. Има Близу 2 илјади новозаболени.. Тамошните власти наредија затворање на сите ресторани и хотели најмалку една недела, веќе се затворени градинките, а се препорачува јавниот транспорт да работи со третина од капацитетот.

Освен во Европа, коронавирусот замав зема и на американскиот континет. Во еден ден се регистрирани 84 илајди заразени што е најмногу од почетокот на пандемијата.

Властите сметаат дека причина за порастот на новозаболени се пониските температури поради кои луѓето повеќе седат во затворени простории но и враќањето на учениците и студентите во школите и факултетите.