Oхриѓани дезимформирани oд Охридските веб портали

На малиот охридски плоштад, вечерта на 10 Декември , закупниците на новогодишните тезги 2 дена се спремаа за претстојниот период. Набавуваа празнични производи, ги поставуваа потребните додатни предмети на тезгите, Поставува заштита од временски неприлики и ред други потреби за да ги финишираат своите тезги. Во меѓувреме, додека траеле тие подготовки еден од Охридските медиуми фотографирал( станува збор за фотографии кои покажуваат во моментот како се редат само најлонски кеси ) и тоа во текот на денот, и истите тие фотографии ги споредува со фотографии од европски плоштад во истата (новогодишна) сезона, и тоа вечерна фотографија каде не може да се види ништо друго освен новогодишни сијалички . Почитувани колеги, ако веќе правите компарација на слики, тогаш треба да ставите иста, или слична фотографија (во еден временски период) – бидејќи верувам дека тезгите во Охрид навечер се поубави, дури и од тие во Европа . Друг ‘медиум’ на 15 декември (вчера-вечер) кога се заменуваа старите  со нови тезги, на веб порталот беше напишано дека закупниците ќе барале за истиот ден што го изгубиле- да се одбие од цената на закупнината на објектите . Почитувани, ви сугерирам пред да напишете било што во вашите портали, најпрво проверете ги вашите информации, да не испадне дека ги дезинформирате граѓаните. Да ве известиме дека во тој период, додека се местеа – тезгите работеа непрекинато, а целата замена на тезгите траеше не повеќе од два часа, а не како што изјавувате “до ДОЦНИТЕ ВЕЧЕРНИ ЧАСОВИ” Се поставува прашање – Против кого се насочуваат овие медиуми, за кого работат и која е нивната цел? Го пишуваат ли тоа против Граѓаните-Закупници на сезонски тезги, или против самата локална власт?  Дали во Охрид остана независно новинарство и новинари-доследни на својот пишан збор кои ги кажуваат своите мислења и ставови наместо оние од матичната партија? Еве прилика да се одговори и на прашањата од опозициските партии : Навиките на закупниците не може да ги смени локалната власт преку ноќ, кога осум години по ред – на истите тие закупници “тезгаши” им дававте мизерни најлонски кеси во сина боја , кои самите вие остававте и дозволивте Охрид да заличи на “Шутка”. Денеска на тие луѓе и дрвени тезги и пазарчиња-куќарки и незнам што друго да им се однесе како посовремена и помодерна алтернатива-тие пак ќе користат најлонски кеси (што е најстрашно плавите најлонски кеси) затоа што тоа е една од многуте “сини” навики во градов . И уште една хумана препорака, а воедно и апел до сите охридски медиуми и портали за свесно и совесно Искористување на новинарската т.н “моќ”, бидејќи една погрешна намера – автоматски предизвикува друг проблем. Охрид е туристички град, пред да навредите политички субјекти, размислете каква штета му нанесувате на својот град во овој пред новогодишен период.

 

A.Д.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *