Пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3D печатење.

Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор на проектот е тим стручни лица од Универзитетот за архитектура Цингуа вo Пекинг, предводени од проф. Су Вејгуо.

Мостот е долг 26,3 метри, а широк 3,6 метри. Новиот мост во шангајскиот кварт Баошан е изграден по модерни градежни техники. Содржи 44 бетонски компоненти изработени со 3-Д технологија, а безбедносните огради се поделени на 68 единици.

За изработка на бетонските компоненти, печатени со помош на две „роботске раце”, а за потребни биле 450 часа.

Според проценките, во споредба со конвенционалниот процес на градба, направена е заштеда од 33 отсто од вкупните трошоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *