Путин нареди цела Русија да биде исклучена од интернет

Русија планира накратко да се исклучи од интернет во рамките на тестовите, односно подготовките на земјата за иднината сајбер војна.

За време на тестот, податоците кои што ќе се разменуваат помеѓу руските граѓани и организациите ќе останат во рамките на националните граници, наместо да се пренесуваат интернационално.

Според најавите, овој тест треба да биде изведен пред 1-ви април, меѓутоа се уште не е закажан прецизен датум.

Законот кој што предлага технички измени потребни за независна работа на интернетот, влезе во рускиот парламент минатата година. Предлог законот, наречен Национална програма за дигитална економија, бара од руските интернет провајдери да гарантираат дека можат да работат во случај странски сили да се обидат да ја изолираат земјата онлајн.

НАТО Алијансата веќе ѝ се заканува на Русија со санкции поради сајбер нападите и другото „онлајн влијание“ за кое што најчесто се обвинети руските хакери.

Мерките предложени во законот предвидуваат Русија да изгради сопствена верзија на систем на интернет адреси, познато како “DNS”, за да може да функционира во случај да се пресечат врските до серверите сместени во странство.

Моментално 12 организации ги надгледуваат рут серверите за “DNS” и ниту една не е во Русија. Меѓутоа, бројни копии на мрежниот кор адресар веќе постојат во Русија, што сугерира на тоа дека руските мрежни системи би можеле да продолжат со работа, дури и кога би биле превземени казнени мерки за исклучување.

Руските медиуми пренесуваат дека националните интернет провајдери начелно ги поддржуваат целите на предлог законот, но се поделени околу тоа како сето тоа да биде изведено, односно веруваат дека тестот ќе предизвика големо пореметување во рускиот интернет сообраќај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *