ОПШТИНА ОХРИД СЕ ВКЛУЧУВА ВО АКЦИЈАТА ДЕН НА ДРВОТО ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА

По повод  акцијата Ден на дрвото -засади ја својата иднина што ќе се одржи оваа  среда  ( трети декември ), градоначалникот Никола Бакрачески утре  во 11 часот  во паркот  на Кеј “Македонија“ спроти  ОУТУ “Ванчо Питошески“ ќе засади дрво од видот источна туја. 

Годинава во Охрид ќе биде пошумена месноста викана Орман за таа цел од страна на организаторите се обезбедени автобуси  за бесплатен превоз  до локацијата на која ќе се пошумува. Автобусите ќе поаѓаат во 9 и 11 часот  и тоа два од  пред ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски“, два автобуси пред ОУТУ “Ванчо Питошески“, два од пред ОСУ “Св. Климент Охридски“ и еден автобус од пред зградата на општина Охрид.  
 
        Идејата  за пошумена Македонија преку засадување на иднината се појави во август 2007 година, кога амбасадорот на мирот на УНЕСКО, светски познатиот баритон, маестро Борис Трајанов,  поттикнува проект за масовно засадување на голините и опустошените планини. Акцијата за прв пат се реализира во 2008 година и во континуитет трае до денес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *