ОД 2020 БАНКНОТИ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ОД ПОВРАТОТ НА ДДВ НАЈМНОГУ ЌАР ЌЕ ИМААТ НАЈБОГАТИТЕ…

Од повратот на ДДВ најмногу ќар ќе имаат најбогатите, покажува истражувањето на невладината Фајненс Тинк.

Само оние кои годишно трошат по 20 илјади евра, со мерката на Владата ќе можат да си вратат 22 238, или нешто помалку од просечната плата во земјава која според последните податоци изнесува 25 784 денари.

Според нив – повратот ќе оди тешко за оние со минимални примања. Сиромашните слоеви ќе земат најмалку од колачот, само 738 денари.

Анализата покажала дека со оваа мерка кај граѓаните ќе се вратат околу 50 милиони евра.

Најавите од Владата се дека проектот за поврат на 15% од платениот ДДВ ќе почне од јули, но деталите за начинот на кој тоа ќе се прави се уште не се познати.

Од министерството за финансии велат дека во тек се подготовките, а со сите детали ќе излезат навремено.

-Мерката има 2 главни цели: првата е поврат на средства кај граѓаните кои одговорно го плаќаат данокот на додадена вредност, додека втората е намалување на даночното затајување.

Односно граѓаните откако ќе побараат фискална сметка и ќе ја внесат во системот за истата ќе им биде пресметан поврат на 15% од платениот ДДВ, се вели во дописот од финансии, МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ.

Пред неколку дена премиерот Заев на трибина кажа дека моделот е готов, но без да изнесе повеќе детали. Претходно обзнани дека секој граѓанин над 15 години со важечка лична карта ќе може да врши поврат преку својот мобилен телефон, откако ќе се регистрира во системот. Тоа ќе може да го сторат и сите под таа возраст но со помош од родителите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *