Од наредната недела директни летови од Охрид за Малме и Милано

Од понеделник авиокомпанијата „Визер” стартува со новите линии од охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле” кои ги воспоставува врз основа на договорот со Владата.

 

Во понеделник напладне на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ треба да слета првиот авион од Малме. Веќе следниот ден, во вторник, ќе се воспостави директната врска на Охрид со Милано.

Овие линии во текот на летото ќе се реализираат по два пати во неделата. До 13 септември летовите од охридскиот аеродром до Малме ќе бидат секој понеделник и петок, а потоа и во среда и недела. Летовите за Милано до 30 март ќе бидат во вторник и сабота, а од 1 април во понеделник и петок. Од охридскиот аеродром  „Визер“ од јули треба да стартува и со директни летови до германските градови Меминген и Дортмунд. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *