До 10 часот излезноста во Охрид е 7.76%

Според податоците од Државната изборна комисија, до 10 часот, во општина Охрид каде се гласа за претседател на државата и градоначалник, од вкупно запишани 52.223 гласачи своето право на глас го оставриле 4.049, односно 7.76%.

Гласањето тече без некои неправилности, информира денеска на првата прес-конференцијата портпаролот на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска.

На ниво на државата, до 10 часот излезноста е 6.26%. Од вкупно запишани 1.808.131 граѓани, на гласање излегле 111.554.

Во моментот околу гласачкото место во Студеничани информациите со кои располага ДИК се нецелосни. Откако ќе добиеме официјален записник од изборните органи за тоа што точно се случило таму, подвлече Гугуческа, ќе ја известиме јавноста.

– Запишани се околу 60 – тина избирачи на гласачкото место 2344. Гласањето се повторува доколу вкупниот број избирачи запишани на тоа избирачко место може да влијае на целокупните резултати од гласањето на ниво на држава бидејќи гласаме за претседателски избори. Откако ќе бидат објавени резултатите од гласањето на ниво на држава ќе знаеме дали таму ќе биде повторено гласањето, појасни портпаролот на ДИК, Гугуческа

Од општините кои досега имаат повисока излезност се издвојуваат Прилеп 11,05 проценти, Свети Николе 15,48, Пехчево 10,22, Новаци 10,65 проценти, Демир Хисар 10,12 и Македонски Брод 10,11 проценти.

Најниска излезност до 10 часот се Боговиње 1,71 проценти, Липково 0,97, Долнени 1,85 проценти, Желино 1,82 и Пласница со 1,58 проценти.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *