ГРЦИЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА

Грчкиот парламент со 153 гласа „за“ го ратификуваше Договорот од Преспа, со кој се ставa крај на 27-годишниот спор за името помеѓу Грција и Македонија и кој, меѓу другото, предвидува новото име на државата да биде Република Северна Македонија. Со ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент се отвора вратата за наше членство во НАТО.

Дебатата во Парламентот траеше точно 38 часа и 30 минути, а со говор ја затвори алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос.

„За“ решението на спорот меѓу Македонија и Грција гласаа 145 пратеници од СИРИЗА, односно целата пратеничка група, седум независни пратеници и еден пратеник од Независни Грци.

Осумте пратеници кои го поддржаа Договорот од Преспа се: претседателот на Демократска левица, Танасис Теохраопулос, кој беше избришан од коалицијата Демократска алијанса, сега независен пратеник; Спирос Данелис, кој беше избришан од Река, сега независен пратеник; Ставрос Теодоракис, Јоргос Мавротас и Спирос Ликудис, од Река, кои по распадот на пратеничката група официјално се независни пратеници; Елена Кундура, министерката за туризам, поранешна членка на Независни Грци, сега независна пратеничка; Катерина Папакоста, заменик министерка за цивилна заштита, сега независна пратеничка; Танасис Папахристопулос, пратеник од Независни Грц

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *