Бразилска магија на новиот играч Пакета на гостувањето на „Луиџи Ферарис“ – Џенова-Милан 0-2

Милан успеа да ја победи Џенова на гостувањето на „Луиџи Ферарис“ со 0:2 благодарение на двата гола кои ги даде во последните 20 минути, а иако стрелци на погодоците беа Борини и Сусо, сепак во центарот на вниманието се најде потегот на новото засилување, Лукас Пакета

Суперталентираниот Бразилец денеска го имаше своето деби во италијанската Серија А, па навистина не чекаше премногу за да го покажа својот раскошен потенцијал на својот прв меч во елитата. Пакета изрежира фасцинантна „ламбрета“ и го остави во бунило Беса, а фановите на Милан експресно полудеа по потегот на младиот Бразилец со пораки дека одамна не виделе ваков сличен потег од свој фудбалер.

https://www.youtube.com/watch?v=5VXh1tCpZxU

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *