NiskogradbaOhrid

ЈП „Нискоградба“ во загуба од 1 Милион и 500 илјади

 

 

Јп Нискоградба е пред КОЛАПС

Јп Нискоградба Охрид за 1 година бележи загуба од 1 милион и 500 илјади денари , загубата секој месец се зголемува .

– Поранешниот Директор Сашо Донев го остапил претпријатието Нискоградба со позитивна сметка од 25 Милиони денари, истото претпријатие за 1 година е во минус 1 милион и 500 илјади денари.

Потрошените средства за резервни делови, за репрезентација се три пати поголеми што е нелогично и затоа ова претпријатие тони .

Конкретно случајот е за „Нискоградба“, која што наследи 24 милиони побарувања од општина Охрид со платен данок, фактурирано се, значи чисти пари 24 милиони. Откако дојде СДСМ на власт, се до денеска тие 24 милиони се сведени на 8 милиони, значи 16 милиони се потрошени, напомена Пецаков.

Во ЈП Нискоградба бележиме загуба на претпријатието затоа што имаме отпис на побарувања од правни лица  за изминатите 6 години  којшто не бил направен во период од 2010 до 2015 година, а  е во износ од 971 илјада денари. Во ова претпријатие имало и исплаќање на отпремнини од 600 илјади денари и смртни случаи . Токму поради овие причини настанала загубата на ова претпријатие од 1 милион и 500 денари. – истакна  в. д градоначалникот Георгиевски .