ribari1

„Рибарите“ со донаторска акција за помош на Србија, Хрватска и БиХ

Навивачката група „Рибари“ од Охрид со донаторска акција се приклучи во иницијативата за помош на земјите Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, кои неколку денови се борат со природната катастрофа.

На пунктот на градскиот плоштад, охриѓани донираа вода, основни средства за хигиена, облека, обувки, конзервирана храна и парични средства.

Инаку, пред една година „Рибарите“ имаа иста ваква хумана акција за навивач од битолските „Чкембари“, за кој беа собрани финансиски средства.