????????????????????????????????????

РАКОМЕТ СУПЕРЛИГА (Плејаут) : Р.К ОХРИД – Р.К ПРИЛЕП

Ракометарите на Р.К ОХРИД  – Вечерва во 19 часот  пред своја публика ќе го дочекаат Р.К Прилеп , откако не ја постигнаа една од целите – да играат во плејофот. 

Се освен победа на Охрид ќе биде големо изненадување на стартот од битката за опстанок.

Плејаутот е пред нас, мечеви во кои дополнително ќе се воиграме и младите ќе добијат поголема шанса кои се дел од завршниот турнир во младинска конкуренција. – изјави асистентот во стручниот штаб на Охрид, Зоран Георгиевски.