ad2870416464c53140d0e5a52f15de0f_L

РАКОМЕТНАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ДОВЕРБАТА ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА МУ ЈА ДОДЕЛИ НА Р.К ОХРИД

 Ракометната федерацијата на Македонија довербата за организација му ја додели на Ракометниот клуб Охрид.

На завршниот турнир кој ќе се одржи на 30 и 31 март ќе учествуваат ракометарите на Охрид, екипите Струга и КЛ7 од Струга и скопски Металург.

Во полуфиналните натпревари силите ќе ги одмерат Охрид – КЛ7 односно Струга – Металург. Конкуренти на охридскиот ракометен клуб за организација на турнир беа Металург и КЛ7.

РК Охрид втор пат организира завршен турнир. Во 2017 година охриѓани беа домаќини на Ф4 во пионерска конкуренција и финишираа на третата позиција. 

 

 

 

ad2870416464c53140d0e5a52f15de0f_L