YouTube-Livest

Протест пред парламентот во Атина/Запалено македонското знаме (Видео)

Неколку илјади демонстранти кои се против ратификацијата на договорот од Преспа, вечерва со грчки знамиња во рацете и со транспаренти „Македонија е грчка“ се собраа на повеќе локации во Атина.

Грчката полиција и вечерва употреби солзавец за да ги растера насобраните демонстранти пред парламентот, во моментот кога со запалени факели тргнаа кон зградата на грчкиот законодавен дом.

За време на протестот демонстрантите го искинаа и запалија македонското знаме.